2. Регистрација на нов уред
- Во апликацијата, оди во Уреди и кликни на +Отвори.
- Дади му име на уредот и кликни на Зачувај.
- При првото зачувување, уредот автоматски добива уникатна Шифра која се користи за поврзување.
3. Поврзување на уредот
- Вклучи го уредот во струја со Type-C полнач за телефон.
- Преку твојот телефон, поврзи се на Tagtime Wi-fi мрежата, создадена од самиот уред.
- Отвори browser (Chrome) и оди на следнава адреса: 192.168.4.1.
- Избери ја твојата Wi-fi мрежа од листата.
- Внеси ја лозинката за мрежата.
- Во полето Device UID внеси ја шифрата на уредот од чекор 2.
- Полето за IP адреса остави го празно, освен ако уредот треба да има статична адреса.
- Притисни Save и почекај 5 секунди уредот да се поврзе на твојата Wi-fi мрежа.
- Уредот е успешно поврзан кога ќе се слушне звук и ќе свети само сината сијаличка.
Рестартирање на уред (фабрички подесување): Притисни и држи го копчето позади уредот (5 секунди) додека не се вклучат сите сијалички.
4. Регистрација на тагови/картички
- Во апликацијата, оди во Тагови и кликни на +Отвори.
- Во полето Број внеси го бројот напишан на тагот/картичката.
- Кликни на Зачувај.
5. Регистрација на лица и поврзување со тагови/картички
- Во апликацијата, оди во Лица и кликни на +Отвори.
- Пополни ги полињата Име и Презиме.
- Во полето Таг избери го тагот/картичката што припаѓа на лицето.
- Кликни на Зачувај.
6. Евиденција и преглед на настани
- При поминување на тагот/картичката преку уредот ќе се слушне звук и ќе светне зелената сијаличка.
- Истиот настан веднаш може да се види во апликацијата во некој од посакуваните прегледи.